ЛДП: Премиере, го губиме мирот!

by Фокус

Мирот во Македонија падна за уште шест места во однос на минатата година, и сега според Глобалниот индекс за мир, се наоѓаме на 87. место меѓу 162 земји. Од нас, според годишниот извештај на Институтот за економија и мир, подобро се рангирани сите држави во регионот. Словенците се на 14. место, а пред нас се и Хрватска (26), Србија (52), БиХ (61), Косово (64), Албанија (65), се вели во денешното соопштение на Либерал демократската партија.

„Според податоците на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, Светска банка и агенциите на ОН, перцепцијата на криминалот во Македонија е оценета со 3 од 1 до 5, при што 1 е најниско, а 5 највисока оценка. Пристапот до оружје е оценет со 4, присуство на насилни демонстрации со 3, политичка нестабилност со  2,8, политички терор со 2. Изборниот процес е оценет со 7,8 од 0 до 10 при што 10 е највисока оценка со која се оценува неслободата при гласање и немањето избор при гласањето. Според овој извештај, невработеноста е 31 отсто. Од ова произлегува дека власта намерно подгрева политички и етнички инциденти за да го одвлече вниманието на јавноста од социјалната и економска криза“, велат од партијата на Андреј Жерновски.

Според ЛДП станува сосема јасно зошто вистинските инвеститори, ја заобиколуваат.

„Тие сакаат стабилна клима и сигурност за нивните пари, а не страв од политичка, етничка и вооружена нестабилност. Македонија е „инвестициски“ рај само за типови како Субрата Рој, глумецот-млекар и оној тексашанец со чиј шешир, премиерот гордо се сликаше. Дел од нив се во притвор, а другите по нарачаната претстава во Македонија за маркетиншки цели, исчезнаа“.

Премиере,  велат од ЛДП, за  сериозни  инвеститори,  треба  сигурност  истабилност, што значи, сериозна Влада!

Поврзани новости