МВР: Заштитни маски само за агресивните домашни миленици

by Фокус 12:26
12:26

МВР одговори на претставката на здружението „Анима Мунди“, кое реагираше откако неколкумина граѓани од општината Аеродром деновиве беа казнети бидејќи нивните миленици не носеле заштитни маски.

Во одговорот на МВР се вели дека во целост се согласуваат со ставот на здружението дека „на носење маска треба да се инсистира само во случаи кога кучето е со непредвидлив, или агресивен карактер и кога може да предизвика опасност по луѓето и другите животни“.

- Advertising -

„Очекуваме дека по овој одговор, кој ќе го приложиме до општина Аеродром и до полициската станица Аеродром, како и сите останати полициски станици во Македонија, веднаш ќе следи корекција на Одлуката за задолжително носење на маски на сите кучиња во општината, без било каков исклучок – т.е ќе се овозможи шетање на мирните неагресивните животни без маска, но со задолжителен надзор од нивните сопственици“, велат од „Анима Мунди“.

Инаку, на подрачјето на Скопје, од почетоков на годинава четири граѓани се пожалиле на повреди, односно дека биле нападнати и каснати од агресивни домашни миленици. Во овие случаи е поднесена соодветна пријава против сопствениците. Вкупно во 20 случаи од страна на СВР Скопје по истиот член се поднесени соодветни прекршочни пријави.

Поврзани новости