Полицијата ги најде напаѓачите на локалот во Старата чаршија

by Фокус

Полицијата ги идентификувала двајцата учесници во инцидент во кој беше демолиран угостителски објект во Старата скопска чаршија. „Алфите“ ги привеле момчињата, едниот 24-годишен другиот година дена постар, по што во присуство на обвинител било извршено нивно препознавање и поднесена им е кривична пријава за насилство.

Во понеделникот околу 24,00 часот во кафебарот „Њу Орлеанс“, пријавените со уште неколку засега непознати лица, влегле во внатрешниот дел од локалот, по што едно од лицата се приближило до шанкот кај диџејот кој пуштал музика, и во еден момент го нападнал и му го скршил лаптопот бидејки пуштал македонска музика. Истот така, лицата ги искршиле и прозорите, инвентарот во објектот и на летната тераса, а нападнале и тројца од персоналот меѓу кои и вработена, која се обидувала од мобилен телефон да повика полиција и заминале.

„Откако двајцата осомничени беа изведени пред надлежен судија, истиот на 24 годишното лице му изрече притвор во траење од осум дена, додека на второосомничениот му се изречени алтернативни мерки за обезбедување. Инаку, пријавениот кој веќе е префрлен во притвор, и претходно е пријавуван од полицијата како сторител на кривични дела проследени со насилство за што во 2011 година е осомничен за тепачка при инцидентот кој што се случи на Кале“, се вели во соопштението од МВР.

Поврзани новости