ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има против што сега ги враќаме нејзините долгови

by Фокус

-Вкупно 219 милиони евра со камати беа исплатени поради задолжувањата на СДСМ во 2005 година. СДСМ прво ја задолжи Македонија, а сега има против што Македонија ги враќа долговите на СДСМ. 219 милиони евра кои СДСМ не ги искористи за проекти, за вложувања во инфраструктура, за подобрување на студентскиот стандард, за субвенции за земјоделците. СДСМ исчезна од власт неколку месеци подоцна заедно со парите, но нивните долгови останаа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето од СДСМ зошто „Ставрески и Груевски досега не вратиле 150 милиони евра и за што ги потрошиле парите“, од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како може порано да се врати еврообврзницата кога СДСМ ја издала на 10 години.

-СДСМ ако беше сериозна партија, ќе знаевме на што ги потрошија 150-те милиони евра од издадената евро-обврзница и уште речиси половина од оваа сума за камата- вкупно 219 милиони евра исчезнати во ветер. Толку ја чинеше СДСМ, Македонија со само една евро-обврзница. Но не е само една. Македонија редовно сервисира уште многу долгови на СДСМ, стотици и стотици милиони евра задолжувања на име на државата кај Парискиот клуб, ММФ, Светската банка, ЕИБ, обврзница издадена на Стопанска банка, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости