Зошто владината политика за административно- државната проверка на знаењето на студентите е лоша и не треба да се прифати ниту како концепт, ниту како предлог решение? Овие прашања денеска ги поставија од Либерално – демократската партија.
Според нив, таа не е во согласност со Уставот и Законите на РМ, односно е против уставна, ја крши уставно загарантираната автономија на универзитетите, уставно загарантираното право на слобода на образование, Законот за високо образование во корелација со Болоњскиот процес.
– Оваа владина политика не е демократска, се носи со партиско- владин диктат, без претходна сеопфатна анализа на високо – образовниот систем, без консултација на студентите и универзитетите, без консултација на граѓанското општество и на приватниот сектор и се носи со наметнување и на сила. Во ова нема искреност, т.е. ниту еден член на Владата ниту пак на Собранието кој го предлага законот, самиот не бил подложен на систем кој сака да им го наметне на другите, сите вработувања во државната администрација се партиски и немаат допирна точка со знаење или проверка на знаење се наветува во соопштението од ЛДП.
Од таму укажуваат на тоа, дека предлозите за прилагодување на РМ кон стандардите на Унијата, целосно е противречно на кампањата на Владата, “Знаењето е сила, знаењето е моќ”.
– Овој концепт не е либерален, административно ја ограничува слободата на студентите, не остава простор за лична награда и не нуди поголем квалитет на образованието. ЛДП во целост ги поддржува студентските протести. Тоа е слободен израз на мислење, на став, на начин на живот и мора да се сослуша и поради масовноста да се прифати. ЛДП ја повикува Владата итно да ги насочи сите расположливи средства од оваа непродуктивна и уништувачка политика и да почне да работи на подобрување на условите во студентските домови, студентскиот стандарт, стипендиите, условите на факултетите и да им овозможи на студентите доусовршување – се наведува понааму во соопштението на ЛДП.