Насер Селмани реизбран за претседател на ЗНМ

by Фокус 16:00
16:00

Актуелниот претседател, Насер Селмани од весникот „Вест“ повторно е избран во наредните четири години да го предводи новинарското здружение. Тој освои 154 гласа, додека неговиот противкандидат Мехмети од порталот „Алмакос“ освои 21 глас.

На изборите за членови на Управен одбор на ЗНМ најмногу гласови освои колегата Томислав Кежаровски. Освен него, нови членови се: Гоце Михајлоски од 24 Вести, Зоран Димитровски од Фокус, Бенјамин Арифи од Алсат М, Иван Бојаџиски од Утрински, Штипски Глас, Ристо Тасев дописник од Утрински, Мишко Иванов од 24 Вести, Зоран Андонов од Вест, Дневник, Стојанче Наумов, новинар, Фиљана Кока од МРТВ, Миомир Серафиновиќ од Канал 5, Кристина Мачкиќ од Телма, Бесим Илјази од Коха, Неџат Акифи од МРТ

- Advertising -

Надзорниот одбор во наредните 4 години ќе го сочинуваат следните новинари: Дарко Чекеровски од Телма, Башким Сулејмани од Алсат М, Мира Костиќ од МРТ, Соња Колевска Делевска од Вест, Тони Михаилов од ТВ Стар, Џенис Сулимани и ЛајмХусаметин Гина од Балкон 3.

За седум членови на Советот на честа се избрани новинарите: Гордана Дувњак од Утрински весник, Емилија Лазаревска од Телма, Урим Хасипи од Коха,  Илија Стефановски од Радио Кочани, Мирјана Трпческа од Канал 5, Фросина Лазаревска од Плоштад и Каролина Мицевска од Нова Македонија.

 

Поврзани новости