418
Околу 200 тетовци денеска излегоа на протести против загадувањето од „Југохром„ и побараа да се постават филтри на оџаците на комбинатот во Јегуновце. Неколкумина од нив носеа и мртовечки ковчег, сакајќи да ги покажат страшните последици од загадувањето.
– Овој симболичен ковчег ни е подарок од Владата, кој го погреба населението во тетовскиот регион, затоа што дозволи да работи Југохром без еколошки стандарди, загадувајќи го воздухот и причинувајќи огромни последици по здравјето на граѓаните – објасни Аријанит Џафери од движењето „Еко Герила“.