Либерално демократската партија веќе четри години постојано укажува на негативнот тренд на зголемување на јавниот долг, поради нерационалното и расипничко однесување на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, реагираат денеска од ЛДП.
-За жал овој тренд во изминатите четири години рапидно се зголемуваше и денес достигна рекордни 4 милијарди и 760 милиони евра и за прв пат го надминува 50 % од бруто домашниот производ, односно изнесува алармантни 50.6 % од националниот БДП. Залудни беа обидите на власта да ја прикажат Македонија, најпрвин како ниско задолжена држава, а потоа и како средно задолжена држава , преку споредби со многу поголеми и поразвиени држави во светот. Сите предвидувања укажуваат дека тенденцијата за зголемување на јавниот долг и понатаму ќе расте како последица од се поголемо задолжување на државата кое изнесува фрапантни 2 милиони дневно, велат од ЛДП.
Тие додаваат дека најтрагично е тоа што средствата од ова задолжување се насочуваат кон непродуктивни проекти и покривање на се поголемите буџетски дупки.