Основен суд Скопје 1: „Пуч“ досега се одложуваше поради вина на СЈО

by fokus

По одложувањето на денешната главна расправа за случајот „Пуч“, на што во судница жестоко реагираше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е еден од обвинетите, со објаснување се јавија и од Основниот суд Скопје 1.

-Главната расправа по предметот со КОК бр. 60/16 во јавноста познат како „Пуч“, денеска беше одложена откако претседателот на судечкиот совет, надлежен да постапува по овој предмет, пред присутните констатира дека еден од судиите – поротници, по неговото лично барање бил разрешен од советот, а со одлука на претседателот на судот, по барање на претседателот на советот, назначен е нов судија – поротник, како и дополнителен судија – поротник, за кои и покрај барањатa и ургнециите за итност, испратени од претседателот на судот,  сеуште не се доставени безбедносни сертификати за постапување и увид во класифицирани информации и податоци, кои се неопходни за новоназначените судии – поротници да постапуваат по конкретниот предмет, велат од судот.

Од судот истакнуваат дека судењето „Пуч“ досега било одложувано поради вина на Специјалното јавно обвинителство.

-Со цел да не дојде до одредени манипулации, ja потсетуваме јавноста дека по конкретниот предме беа одржани 10 главни расправи од кои 6 беа одложени бидејќи обвинетите постојано беа на службени патувања, потоа 3 расправи беа одложени по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), од кои една расправа заради приватна прослава на обвинителката Јанева, а само минатата расправа беше одложена заради болест на еден од судиите – поротници, нешто што неможе да се предвиди. Од таму нејасно е како судот го одолговлекува предметот повеќе од една година, како што обвинуваат странките, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Поврзани новости