„Либерално-демократска партија го повикува Никола Груевски националните интереси да ги стави пред тесно-партиските и интересите на „фамилијата“.
Сметаме дека 5-ти јуни е можен прифатлив датум, кога најбрзо би се оддржале изборите, со однапред прочистен изборачки список и регулирани медиуми.
Секој спротивен чекор на партијата на власт ќе значи погазување на Договорот од Пржино, меѓународна изолација и продлабочување на кризата, која ќе ја втурне државата во уште потешка и покритична состојба.
Тоа најмалку и’ е потребно на Р .Македонија во овој момент, кога во исто време се соочува со предизвикот на мигрантската криза. Наместо кавги и раздор во државата, потребно ни е единство на сите политички чинители за успешно справување со евентуалното продлабочување на бегалска криза“, се вели во соопштението на ЛДП.