Да се поништи одлуката за распуштање на парламентот

by Фокус

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повикува сите парламентарни партии и пратениците да гласаат за Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање, да се продолжи со работа се додека не се создадат услови за фер, демократски, слободни и кредибилни избори, на кои ќе имаат еднакви шанси сите партии и граѓани кои ќе учествуваат на изборите.

„Се работи за иднината на Република Македонија и никој нема право да ги блокира суштинските реформи во судскиот систем, владеење на правото,безбедносните системи и процесот на утврдување на одговорноста на тие кои не вовлекоа во тотална криза и безизлезност.

Денес имаме историска шанса да направиме пресврт и надвор од партиските стеги и политичките водства, како претставници на граѓаните во Парламентот да гласаме во нивен интерес, да спречиме хаос и да отвориме перспективи за нормализација на состојбите и младите генерации. Конечно мора да застанеме на страната на Македонија и на граѓаните.“ се вели во соопштението на ДС.

Поврзани новости