ЛДП: Груевски да ја отповика скандалозната одлука

by Фокус

Горан Милевски, претседател на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, смета дека не смее да се поништи Договорот од Пржино, ниту од страна на опозицијата, ниту од страна на власта.

ЛДП апелира до четирите партии, потписнички на договорот од Пржино, да го почитуваат договореното. Што се однесува до датумот, ЛДП бара легитимни, а не брзи избори. ЛДП повикува:

„Груевски да ја отповика скандалозната одлука, на 24 февруари да се распушти Парламентот, а на 24 април да се спроведат избори без опозиција, а воедно  СДСМ да не повлекува потези кои би биле штетни по Договорот од Пржино.“

Според ЛДП во една ваква констелација на односите, повеќе од потребно е министрите на СДСМ да продолжат со работа во рамките на техничката влада, а не смее да запре процесот кој треба да го расветли неодговорното работење на оваа власт.

„Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го охрабруваме да продолжи со давањето на неопходната техничка помош при прочистувањето на избирачкиот список и откривањето на сите злоупотреби на актуелната власт.

Работата на специјалното јавно обвинителство мора да даде резултати!

Ја повикуваме и меѓународната заедница да помогне во обновувањето на преговорите, бидејќи само така ќе имаме кредибилни избори, според волјата на народот.

Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и покрај се’, го распуштат Парламентот на 24 февруари, она што ќе биде неизбежно е давањето отпор преку општа мобилизација на граѓаните, со цел спречување на обидите на власта да воведе целосна диктатура во државата“ се вели во соопштението на ЛДП.

 

Поврзани новости