ДОМ нема да оди на изборите на 24 април

by Фокус

Пратеничката и претседателка на Демократската обнова за Македонија, Лилјана Поповска вели дека ДОМ нема да излезе на избори, пренесе А1он.

– Се надеваме дека оваа ситуација ќе се промени, ќе се поништи ова распуштање на парламентот кое што беше направено без најголем дел од опозицијата и дека ќе се најде начин да се завршат обврските од договорот во Пржино, односно да се прочисти избирачкиот список до едно пристојно ниво и да се регулира медиумската сфера, се разбира да се направат уште други реформи кои што се изводливи во некој разумен рок со продолжување од два до три месеци, рече Поповска.

Според неа, распуштањето на собранието без присуство на најголемата опозициона партија која учествува во договорот во Пржино е знак на ароганција и наметнување на сила.

Поповска додава дека доколку се решат проблемите, ДОМ ќе излезе сам на изборите.

Поврзани новости