ЛДП: Доста ни е од „кројачи на спинови“, ја поддржуваме слободата на медиумите

by Fokus

ЛДП со остра реакција се спротивставува на непрофесионалното и недолично однесување на вработениот од Министерството за надворешни работи, кој „се дрзнал да му се заканува на новинарот од ТВ21, Фуркан Салиу, да не поставува прашања на јавен настан и при тоа да го условува со наводно интервју после прес конференцијата“.

Од партијата додаваат дека како партиципиент во власта, категорично се против таквото однесување на кој било од вработените во јавната администрација, министерствата или Владата, насочено кон средствата за јавно информирање.

„Ние 12 години се боревме против режим кој ги практикуваше истите тие стандарди на однесување кон новинарите, медиумите и воопшто кон јавноста. Ниту тогаш, а ни сега, тоа нема ниту да го поддржиме ни да го премолчиме. Доста ни е од „кројачи на јавното мислење“, доста ни се „кројачи на спинови“, доста ни е од „кројачи на медиумски лаги и извртување на вистината“, соопшти ЛДП.

Поврзани новости