ЛДП бара на 11 декември да се гласа и за нов градоначалник на Битола

by fokus

ЛДП бара оставка на градоначалникот на Битола  Владимир Талески и организирање предвремени избори за градоначалник на Битола заедно со вонредните парламентарни избори на 11 декември годинава.

-ЛДП бара владеењето на правото и почитувањето на Законите да се применуваат без привилегии, сите осомничени функционери за криминал и корупција да се отстранат од работа и да им се одземат сите ингеренции, вклучително и на Талески. Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да ги осуди ваквите двојни аршини и да побара од сите свои функционери обвинети за криминал и оние за кои постојат основани сомненија за сторен криминал да се повлечат од функциите. Апелираме уште еднаш, под итно да се преиспитаат „надлежностите“ на притворениот градоначалник на Битола, Владимир Талески, се вели во соопштението на ЛДП.

Од ЛДП додаваат дека Обвинителството за спречување организиран криминал, бара од судот да им изрече мерка забрана за работа на професорите и асистентите, на Економски факултет во Скопје, осомничени за корупција, да немаат допир со студентите, додека функционерите од власта осомничени за тешки криминали се недопирливи.

Поврзани новости