Во изминатите два дена Скопје се тресеше 16 пати

by fokus

Од недела со првиот земјотрес кој се случи утрината па се до вчера вечерта, во Скопје се случиле вкупно 16 земјотреси, велат податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Првиот земјотрес се случи во недела во 7 часот со јачина од 4,4 степени според Рихтер. Веднаш по него следуваше уште еден помал. Најсилниот земјотрес беше истиот ден во 15:10 часот. Тој беше со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

И во текот на вчерашниот ден се тресеше тлото на Скопје, а најсилниот земјотрес вчера беше оној во 19:53 часот со јачина од 4 степени по Рихтер.

Поврзани новости