ЛДП бара да престанат политичките апсења

by Фокус

Да престанат политичките апсења, побара и опозицискиот ЛДП по приведувањето на Здравко Савевски од Левица.

„Обидот да се приведуваат граѓани, активисти и борци за слобода и демократија е кукавички чин и јасно го покажува стравот кај оној што апси, од револтотот и незадоволството на граѓаните на Македонија. Ваквото практицирање на власта само го потврдува криминалниот и авторитарен карактер на власта, која треба да знае дека револтот е толку голем, а причините за протестите толку јасни, што ваквите нарачани апсења можат само да ја засилат борбата за слобода и демократија, за владеење на правото и за еднаков третман на сите пред законот“, соопштија либералдемократите.

Поврзани новости