Јован Радњански: Вандализам е „Скопје 2014“, а не Шарената револуција

by Фокус 13:26
13:26

Поп пејачот и дипломиран правник, Јован Радњански кој околу три години живее и работи во Перт, Австралија, вели дека не може да молчи и да ги игнорира случувањата во земјава. Според него, Шарената револуција во никој случај не била вандализам, туку еден вид на поп-арт перформанс кој што се јавил како резултат на гневот и креативноста на незадоволните. Поради своите мислења кои повремено ги објавувал на социјалните мрежи, тој често добивал заканувачки и навредувачки пораки. Сепак, кавадарчанецот тврди дека воопшто не се плаши да го искаже својот револт и отворено да го изнесе своето мислење.

– Во врска со политичката состојба што е актуелна денеска во Македонија, а е топ тема и во светските медиуми, не можам да останам имун и да не реагирам. Имам право да реагирам затоа што Македонија е и моја татковина таму сум се родил, израснав, таму учев, таму дипломирав, таму почнав да ја градам мојата музичка кариера, но таму не можев да го остварам сонот на секој млад човек, а тоа е да најдам соодветно вработување, да го живеам мојот сон-музката и тоа само заради една единствена работа – не припаѓав идеолошки на партијата која е на власт, не сакав да земам партиска книшка, не сакав да го поддржам тоа што не сум ЈАС. Повремено преку социјалните мрежи го изразувам мојот став против ова лудило, а за возврат добивам навреди, закани притисоци (најмногу од лажни профили креирани во некои партиски лаборатории) и тоа: дека сум на погрешна страна, дека подржувам вандализам, дека подржувам федерализација, дека подржувам сценарио за распад на Македонија. Добивам притисоци, навреди, закани, а сепак сум далеку од дома, па се прашувам како им е на оние кои се таму-дома – раскажува Радњански.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

3

Тој вели дека негово уставно загарнтирано право е правото на протест и дека правото на слобода на мислата и изразувањето и тоа никој не може да му го одземе, ниту пак да му го даде.

– Тоа е мое универзално човеково право па затоа имам право да реагирам и да протестирам на начин на кој што јас знам и умеам. Според тоа имам право да протестирам против срамната аболиција која ниту е законска ниту морална. Јас не се согласувам никој, ниту власт ниту опозиција да биде аболициран за повисоки “државни интереси” и не се согласувам сторители на помали дела, дела без значење како, монтирани кривични дела, политички затвореници да издржуваат казни затвор во супстандардни услови, а аболицираните политичари не само што би биле ослободени од идна кривична одговорност, туку и тие истите да се кандидираат на некои следни избори. Сакам тие истите да да докажат својата невиност низ иституциите макар и тоа било “svarovski” судсвто. Протестирам против вандализмот кој се случувше и случува во Македонија, со таа разлика што со некои сограѓани имам различни критериуми за што е тоа вандализам. Вандализам за мене не е “Шарената револуција” тоа за мене е поп-арт перформанс што се јавува како резултат на гневот и креативноста на незадоволните, а тие се многу. За мене вандализам е промената на фасадата на Владата изградена во духот на модернизмот, а претворена во свадбарска торта. Вандализам е сквернавењето на брутализмот и претварањето во ефтин гипс и стиропор. Вандализам е уривањето на Космос, сечењето на дрва, менувањето на урбанистични планови од нестручни лица, на телефон. Вандализам е Скопје 2014 и тоа скап валдализам, изграден на кредит а враќан од џеповите и на оние кои протестираат и оние кои контра-протестираат – вели Радњански.

1

Тој истакнува дека истовремено протестира и за одржување на избори на кои нема сите да учествуваат и избори кои не би биле признати ни дома ни надвор, поради квази исчистениот список и нереформирани медиуми.

– И за тоа сум убеден дека на 5-ти избори нема да има. Можеби ќе има некакво гласање, регрутирање членство на петти, но тоа би било се само не избори. Избори значи право на избор помеѓу неколку опции, помеѓу неколку концепта или барем не сум убеден дека ќе има избори онака како се дефинирани и ги сфаќа демократскиот концепт – изјави кавадарчанецот.

2

Тој со сопругата Марија и синот Дамјан живее во Австралија каде работи како обезбедување на имот и лица, а повремено настапува и со неколку австралиски бендови. Лани ја промовираше песната ,,Црвени знамиња,, за која што спотот го сними во Македонија. Според него, Австралија е земја која што нуди бесконечно многу можности, па наскоро планира да инвестира во недвижности.

Вики Клинчарова

Поврзани новости