Лажна вест е дека позитивниот доктор од Кавадарци е епидемиолог, велат од Центар за јавно здравје

by Fokus

Денеска во Кавадарци е регистриран уште еден случај на Ковид-19. Станува збор за доктор, специјалист, на возраст од 59 години.

Од Центар за јавно здравје Кавадарци за „Фокус” велат дека утринава во повеќе медиуми се објавила вест дека инфицираниот лекар е епидемиолог. Ја демантираат веста и потврдуваат дека станува збор за лекар кој е специјалист, но не е епидемиолог.

-Се обидуваме да стапиме во контакт со новорегистрираниот пациент. Исто така, моментално се утврдуваат и неговите контакти. Според нашите информации, тој е без симптоми, а му бил земен брис бидејќи бил во контакт со веќе позитивно лице од градот, односно медицинска сестра на возраст од 25 години. Таа пак, најверојатно се инфицирала од претходно дијагностицираната жена од Неготино, на возраст од 71 година, која сега се наоѓа на лекување на Инфективната клиника во Скопје. И покрај тоа што здравствените работници носат комплетна заштитна опрема, за жал сепак се инфицирале. Апелираме до јавноста и до медиумите да не се шират дезинформации, значи позитивниот доктор не е епидемиолог, работи во друга област – изјавија од центарот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости