Лажен фејсбук-профил повика на протест пред ДИК поради „изборен грабеж врз Левица„

by Фокус

На социјалната мрежа фејсбук денеска се појави настан креиран од извесен Винариј Анчевфски со кој се повикува на протест пред ДИК на 18 јули со наслов „Протест против изборниот грабеж врз Левица“.

Притоа, настанот е ислустриран со изборниот материјал од Левица на чело со Димитар Апасиев, на која се носителите на листите во изборните единици на парламентарните избори, поради што и настанот се поврзува со партијата.

Сепак, вечерва на официјалната Фејсбук страница на Левица се појави известување со кое се укажува дека тие не се креатори на настанот и дека се работи за лажен профил и се бара од членството да го пријават.

Поврзани новости