Лажен доктор е уапсен во Турција, измамил настрадани во земјотресот

by Фокус

Дваесет и деветгодишниот Неда Ергун веднаш по земјотресот во Турција отишол во погоденото подрачје и се претставил како неврохирург и измамил десетици луѓе.

Имено, тој се обидувал да собере пари од луѓе за наводно да купи лекови, а бил приведен во Истанбул кога било откриено дека не е лекар.

Инаку, Ергун е познат на полицијата уште пред земјотресот, имал криминално досие за 40 различни измами.

На вториот ден од земјотресот на сите во Хатај им се претставил како неврохирург.

Поврзани новости