Вработени во „8 Септември“ излегуваат на протест

by Фокус

Дел од вработените во „ГОБ 8 Септември“ утре излегуваат на мирен протест, во знак на незадоволство од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на Фондот за здравство.

Веќе две недели поминаа од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека се работи за хакерски ренсомвер напад кој по дефиниција е врзан за давање откуп од страна на оштетената страна за враќање назад на енкриптираните податоци од хакерите.

Поврзани новости