(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Христијан МИЦКОСКИ морнар на суво
Кога дознав дека Еди Рама ни кроел влада во државава шокиран бев,
му рекол на Гаши да влезе, а сега Гаши што искочи не било за мој ќеф!
Власта е брод кој тоне, иако опозицијата е ко брод на брегот што чмае,
па, чекаме изборна плима и за нас, оваа осека не може вечно да трае!

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ претседател без плата
Чув дека 73 пратеници зеле за патните трошоци 360 илјади евра сѐ на сѐ,
додека на луѓето во мојот кабинет им доцни плата, ко на приватно да се!
Многу се загрижив, се јавив у Министерство и ми рекоа: на пат се парите!
За 5% ќе е поголема платата, е тоа е државно, и кога ви каснат ќе ќарите!

 

Данела АРСОВСКА пишман градоначалничка
Памтите ли кога пред година дена го напаѓав БРТ, таа идеја на Шилегов?
Па дека и ја прекинав реализацијата, а потоа во судир со Мицко влегов?
Е па, нема врска тоа, откако го ревидирав БРТ искрено и убав ми се виде
и може ќе има нешто и на терен, а може и не, ако Мицко премиер биде!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Павле Трајанов, Димитар Ковачевски, Димитар Апасиев и Фатмир Бесими е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости