Латас: Ние сме први што се гонат со градежна дозвола, платени комуналии и имотен лист

by fokus

Во своето обраќање до судот новинарот Драган Павловиќ Латас како обвинет во предмет Тревник за бесправно градење, рече дека е ова прв случај во судската пракса во Македонија обвинети да се гонат за ова кривично дело иако ги имале обезбедено сите документи.

-Последниве шест месеци се трудевме да најдеме литература, искуство и судска пракса , но не најдовме случај каде лице е гонето за бесправна градба иако поседува градежна дозвола, платени комуналии и имотен лист. Најверојатно сме прв ваков случај – рече обвинетиот новинар.

Тој го спореше еден од главните докази на СЈО, сателитските снмки од google earth кои покажуваат три изградени објекти на парцелите во Зелениково еден ден по добивањето градежна дозвола од Општината.

-Најдовме само еден случај до снимки од google earth, во чии правила изричито стои дека не се за институционална употреба. Се работи за Цареви кули, случај за кој ОЈО воопшто не во ни разгледало и не е поднесена кривична пријава затоа што немало записник од надлежен инспектор – рече Латас на почетокот од главната расправа.

М.В.

Поврзани новости