ВМРО – Демократска фракција: Смачено ни е од Мицкоски, го молеа господ Иванов да потпише

by Fokus

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ и сите чесни и искрени вмровци се згнасени од вчерашната изјава на нелегитиминиот и наметнат лидер Мицкоски како и од немањето конретен став по ниту едно прашање.

-Отако „вмровците по професија и потреба“ го слушнаа условниот датум за отпочнување на преговори, побрзаа и ,,целосно” да застанат зад одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да не ја потпише ратификацијата на договорот со Грција. Досега молчеа, кокетираа и манипулираа со јавноста и членството и потајно го молеа господ претседателот Иванов да ја потпише ратификацијата, во обидот да не се замерат со меѓународната заедница. Во преден план им беше исполнување на цензусот за референдумот, односно исполнување на условите од договор Заев – Ципрас, а притоа да останат со ,,чисти раце”. Полна им беше устата со флоскулата. ,,Не го менуваме Уставот, заради промена на името”, а потајно посакуваа и работеа на промена на името и заштита и пазарење за оние кои ги донесоа на партискиот врв“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека на „ВМРО и на Македонија и е смачено од вакви ,,пресметливи” политичари со двојни и тројни аршини во зависност од дневно политичките потреби.

 

Поврзани новости