Главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас, во вестите во 16 часот го повика лидерот на опозициската партија, СДСМ, да гостува во вестите од 19 часот.
Латас рече дека има само два услови за Заев да гостува во дневникот, а тие се да ги донесе сите прислушувани материјали каде што говори Латас и да даде изјава дека тоа е се’ што има и дека не го снимал тој, туку Министерството за внатрешни работи.
Зоран Заев вчера во интервју на Алсат М телевизија изјави дека oсвен самиот тој, само Латас е поприслушуван.
СДСМ се јави со реaкција во која се вели дека Груевски и Мијалков не му верувале и не му веруваат на Латас.
Зошто ја нема нивната доверба, тоа е прашање што Латас треба да го постави до тие што не му веруваат и да ги покани во студиото на ТВ Сител да му објаснат, велат од СДСМ на прозивките на новинарот во денешните вести на Сител.