ВИДЕО: Што е Автономна зона?

by Фокус

Студентскиот пленум подготви видео во кое можете да го погледнете објаснувањето што значи Автономна зона и зошто студентите се одлучиле на таква радикализација.

Во видеото, од Студентскиот пленум објаснуваат дека идејата не е да се окупира факултетот во неговото функционирање, туку само да се блокира формалната настава и да се замени со алтернативна настава.

-Токму поради игнорирањата на нашите аргументи, барања, протести и маршови. Нема да бидеме наивни, и да наседнеме на ветувања на кои имаме причина да не им веруваме, ако имаат за цел само да го смират револтот кај студентите. Затоа една од природно очекуваните  народни постапки претставува радикализација на методите. Окупацијата на факултетите ќе создаде притисок, надлежните да ги исполнат нашите барања, се вели во видеото на Студентскиот пленум.

Денеска изминува и третиот ден од окупацијата на факултетите која почнаа да ја прават студентите. Окупацијата од Филолошкиот и Филозофскиот факултет, каде што и започна, се прошири и на техничките факултети.

Од друга страна, пак, окупацијата како метод, не ја поддржа најстарата студентска организација во Македонија, Студентскиот парламент при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, откако вчера соопшти дека иако досега ги поддржале студентските маршови, не можеле да се согласат со окупацијата, затоа што некому се кратело правото на образование и оттаму повикаа на воздржаност.

Поврзани новости