Ласовска: СДСМ не ги осуди навредите на Ориѓански и Тричковски

by Фокус

Говорот на омраза и навредите од страна на функционери и новинари блиски до Зоран Заев и СДСМ не престануваат, изјави претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

-Видовме дека ниту невладините организации, ниту некој од функционерите на СДСМ се оградил од навредите на Златко Ориѓански кој токму од Заев бил поставен да ја претставува македонската култура во Тирана. СДСМ и новинарите кои ја поддржуваат политиката на Заев, не запираат со мизогинија и говорот на омраза, па така Бранко Тричковски, полтронот на Заев во денешниот свој фејсбук статус со неговиот валкан политички речник ги вмешува децата на претседателот Христијан Мицкоски во политичка пресметка – Ласовска.

Според неа, ваквото однесување од страна на СДСМ мора да се осуди и да запре.

Поврзани новости