503
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска остро реагираше на одговорот на министерот за транспорт, Горан Сугарески, во врска со пуштањето на автопатот Миладиновци – Штип.
„Имавте доволно време да ги отстраните сите недостатоци. Ова се прашања на граѓаните на цел тој регион. Зошто дававте изјави такви дека денес ќе се пушти, утре ќе се пушти. Тоа е популистичка ваша изјава. Нели се боревте против популизам. Тоа беше наше ветување, кое јас сум го дала. Не мора свечено. Пуштете го патот, па после избори правете свечено отворање“, рече Ласовска.