И да има договор за СЈО, Џафери седницата ќе ја закаже дури по изборите

by fokus 12:53
12:53

Спикерот Талат Џафери нема да закаже собраниска седница за време на претседателската кампања и ако партиите се договорат за СЈО. Џафери појаснува дека формално таква можност постои, но тој тоа нема да го стори бидејќи пратениците ги злоупотребуваат таквите седници.

Односно, Џафери вели, тие си тераат кампања на седниците и тој тоа нема да го допушти. Ако партиите ги надминат разликите нема проблем тој да закаже седница на 6-ти мај, кога ќе бидат завршени изборите.

- Advertisements -

Поврзани новости