Лани со Лепа Брена, годинава Ликовната колонија во Вевчани се отвори со Калиопи и Владо

by fokus

Поп ѕвездите Калиопи и Владо Јаневски беа главните музички гости на свеченото отворање на традиционалната Меѓународна Ликовна колонија ,,Вевчански видувања” кое се случи во саботата во ресторан во Вевчани. Пред нивните настапи пред гостите се одржало стендап шоу на актерот Сашко Коцев.

Ова е 12-то по ред издание на колонијата која секоја година привлекува сликари од земјава и странство.

Минатогодишното отворање го привлече вниманието на јавноста со свеченото отворање на кое главна музичка ѕвезда беше Лепа Брена.
Во изминатите години пак, на отворањето имаат гостувано Тереза Кесовија, Петра Грашо, Жељко Самарџиќ, Данијела Мартиновиќ, Драган Мијалковски и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости