Лани имало 1.000 нови случаи на рак на дојка

by vlatko 20:09
20:09

Илјада пациенти со канцер на дојката се дијагностицирани минатата година и во овој момент на активен третман на Клиниката за радиотерапија и онкологија се 7.000 заболени, посочија од Здружението „Хема-онко“, кои денеска на Клиниката организираа настан посветен на пациентите, здравствените работници и на заедничкото градење подобра и посеопфатна онколошка грижа.

На настанот насловен „Појадок со „Хема-онко’“, Ана Марјановиќ од Здружението рече дека не е поентата само да се прима терапијата, туку навистина да се обезбеди секој пациент што нема да биде на Клиниката за онкологија, да ја прима безбедно оваа терапија.

Од една страна, рече таа, како пациенти најмногу знаат колкав е притисокот на Клиниката, а од друга, поради големиот број експерти во однос на лекувањето, посебно за дојка, пациентите надвор од градовите сакаат тоа да биде направено токму на Онкологија.

Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, пак, изјави дека минатата година се воведени нови лекови за болните од канцер, конкретно за канцерот на дојката, а зголемен и е бројот на пациенти што се третирани со специфичен третман.

Според Стојковски, активностите продолжуваат и оваа и следната година.

Слични вести