Ламбе Арнаудов: Со ВМРО ДПМНЕ се договоривме дека e природно да бидеме заедно

by Fokus

Ламбе Арнаудов денеска излезе со реакција по повод зачестените напади кон него поврзани со политичката ситуација, но и неговата улога на преговарач со ВМРО-ДПМНЕ. На порталот Актуелно24 беше објавена целата негова реакција.

– Сегашните разговори со ВМРО-ДПМНЕ се одвиваа многу коректно и со максимално почитување и од двете страни. Седнавме еден наспроти друг, секој со честа, но и гревовите на својата партија што сме ги направиле едни кон други и вмровски, достоинствено најдовме решенија за двете страни. Постојат две причини зошто се определив за ваквиот предлог. Првата е што јас сум убеден дека ние природно си припаѓаме едни со други, без оглед на некои разлики. Втората причина е длабоко емоционална но и реална, бидејќи сметам дека ВМРО и Македонија живеат во вечна симбиоза и нивниот опстанок не е можен еден без друг. Толку за моето ,,предавство“ – се наведува во реакцијата на Арнаудов.

Поврзани новости