Обвинителството бара притвор за двајцата осомничени за киднапирање на внукот на Љубе

by fokus

Од скопското обвинителство за ,,Фокус” потврдуваат дека бараат притвор за две лица кои се осомничени за киднапирање на внукот на Љубе Бошкоски.

-Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, ни одговорија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека засега не можат да кажат детали.

-Во интерес на постапката, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали во овој момент, велат од Обвинителството.

Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Тој е внук од братот на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.

Валентина Вурмо

Поврзани новости