Кузеска: Граѓаните гласаа слободно, ќе биде испочитувана волјата на мнозинството

by fokus

Огромно мнозинство од граѓаните денеска излегоа и дадоа правец како ќе се движи државата и општините во наредните четири години. Каков ќе биде правецот ќе видиме од резултатите на гласачките места, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на првата прес-конференција на партијата на која не соопшти изборни резултати.

Според неа, иако имало обиди за компромитирање на гласачкиот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие биле откриени и спречени и по нив постапувале институциите. Како општини во кои имало такви обиди ги посочи Ѓорче Петров, Кочани, Македонска Каменица.

-Граѓаните гласаа слободно и без притисоци. Избирчаката волја на мнозинството ќе биде испочитувана, рече Кузеска и најави првични резултати на следната прес-конференција.

 

Поврзани новости