Кустурица: Војната во Украина е одамна подготвена со помош на Пентагон

by fokus

Режисерот Емир Кустурица во Белград изјави дека војната во Украина е војна против православието и оцени дека би било подобро претседателите од Запад да присуствувале на претходните Паради на победата во Москва наместо „сега да ја гледаат парадата во живо“.

-Војната во Украина, за која можеме со сигурност да кажеме дека е одамна подготвена со помош на Пентагон, всушност е војна против православието и сето она што една автентична култура го претставува како главна пречка за трансхуманизмот – претворање на луѓето во она што е проверено, рече тој во беседа по повод Светисавската повелба што ја доделува српското просветно-културно друштво „Просвета“, а која му беше врачена денеска во храмот Свети Сава во Белград.

Кустурица оцени дека украинската влада е „пронацистичка и се сврте против народот на Доњецк и Донбас само затоа што сака пријателство со Русија и да живее според нивните принципи и култура“.

-Дури сега почнуваме да ја разбираме природата на нацизмот, бидејќи неговите корени се покриени со емоции на ослободување во Втората светска војна. И дали на крајот беше подобро и поевтино, а тоа е моето внимателно прашање, претседателите од Западот да присуствуваат на прославата неколку години на Парадата на победата во Москва наместо сега да ја следат таа парада во живо? Нема сомнеж дека ќе беше подобро, но сигурно е дека тогаш го знаеја она што ние тогаш не го знаевме, изјави Кустурица.

Поврзани новости