Курц нема право да зборува за медиумски слободи, откако застана зад Груевски

by fokus 20:02
20:02

На конференцијата за слободата на медиумите во земјите од западен Балкан која се одржува во Виена, а на која се присутни и новинари од Македонија, жестоки критики беа упатени кон австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Директорката на истражувачката мрежа БИРН во Косово, Jeta Xharra порача дека Курц нема право да говори за слободата на медиумите во Македонија, бидејќи отворено го поддржа нивниот главен непријател, Никола Груевски.

- Advertisements -

-Од првиот момент кога утрово дојдов тука, се почуствував нелагодно, бидејќи прв говор одржа Сејастијан Курц, кој зборуваше за слободата на медиумите во земјите од Западен Балкан. Апсурдно е Курц да зборува за слобода на медиуми,откако отворено во предизборна кампања застана зад Никола Груевски, кој е главен узурпатор на медиумите во Македонија. Груевски и неговата партија ги напаѓаат моите македонски и албански колеги и се главни виновници што Македонија стигна на дното на Репортери без граници, според слободата во медиумите.. Значи, Курц нема право да зборува за слобода на медиуми, едноставно не можеш да спиеш со непријателот, па да зборуваш за вредности- порача новинарката.

Инаку, Курц за време на парламентарните избори во Македонија држеше говор на митинг на ВМРО–ДПМНЕ во Скопје.

 

Поврзани новости