(ГАЛЕРИЈА) Протестот наречен „Четврт Илинден”

by fokus

Иницијативата „За заедничка Макеодонија” одржа протестен марш под мото „Четврт Илинден” од Владата на Македонија до Собрание, за да побара отфрлање на платформата на Албанците. Демонстрантите го повикаа и претседателот Ѓорге Иванов да не му го дава мандатот на Зоран Заев. Велат дека протестите ќе продолжат и понатаму и дека ќе се борат, за како што велат, „чиста Македонија”.

Иако велат дека протестот е непартиски, голем дел од демонстрантите пред да тргнат од пред влада, поминаа покрај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, пред кој на лист хартија, со име и презиме пријавуваа присуство.

Поврзани новости