Курти: Договорот со Србија ќе биде напредок кон меѓусебно признавање

by fokus

Косовскиот премиер Албин Курти од форумот во Манхајм порача дека договорот кој Косово и Србија треба да го потпишат, а за кој наредниот викенд ќе се сретнат во Охрид, претставува напредок кон меѓусебно признавање.

-На трилатералната средба во Брисел на 27 февруари понудив потпишување на основниот договор во име на Република Косово. За жал, претседателот на Србија одби, по што ја информираше јавноста. Следната недела повторно се среќаваме во Охрид. Се надевам дека одбивањето на Србија да го потпише предлогот во Брисел не е показател дека таа не се согласува со содржината. Секојдневно сме сведоци на креативност и конструктивност. Сметаме дека основниот договор меѓу Косово и Србија претставува напредок кон взаемно признавање меѓу двете земји. Сметаме дека целосната нормализација на односите бара такво признавање како централен дел од договоро, рече Курти.

Поврзани новости