Преку „Инстаграм“ и се заканувал на поранешната сопруга

Полициски билтен

by fokus

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 08.02.2023, пријавениот преку социјалната мрежа „Инстаграм“ упатил закани кон неговата поранешна сопруга.

СВР Тетово пак, поднесе кривична пријава против Б.Б.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 27.01.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле муниција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава и против Л.М.(22) и Д.М.(28), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.03.2023 на улица „Брака Миладинови“ во Тетово, полициски службеници извршилe преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им била одредена мерка притвор.

Поврзани новости