Беџети за „Фокус“: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе ја бетонира разликата со македонскиот идентитет

by fokus

Академик Абдулменаф Беџети во изјава за неделникот „Фокус“ вели дека од аспект на различноста на македонскиот идентитет од бугарскиот, токму би се зацврстила (дури би се бетонирала) таа различност со внесување на Бугарите ( и не само) во Преамбула на нашиот Устав, отколку вака без нив. Спротивното остава простор за поинакво толкување, се разбира од провокаторите – вели Беџети.

– Мислам дека и евентуалните спорни елементи на идентитетскиот корпус, полесно би се расчистиле кога би биле внатре во иста економска и политичка заедница, отколку надвор. Денешните релации со Р.Грција и НАТО зачленувањето тоа ни го потврдува, вели Беџети

Академикот потенцира дека што се однесува до одредени лични ставови на членови на МАНУ, вклучувајќи го и претседателот, погрешно се добива впечаток дека тоа е некој институционален став на МАНУ, што апсолутно не е точно.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости