Куновска поднесе оставка во СДСМ: Заев и Шеќеринска не трпат критика!

by Фокус

Досегашната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска, поднела оставка од претседателското место на партиската градска организација на денешната седница на Централниот одбор, кој ги усвои листите со кандидати за пратеници на опозициската партија.

Куновска, која не се најде на ниту една од листите, не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа информација, но партиски извори велат дека нејзиното образложение гласело оти со овој чин сакала да ја заштити градската организација, која, според неа, е потценета.

Воедно, неофицијално дознаваме дека таа истакнала оти актуелното раководство на СДСМ, предводено од двоецот Зоран ЗаевРадмила Шеќеринска, немало демократски капацитет да ги истрпи критиките што ги упатувала во цел изминат период.

Инаку, таа ќе продолжи да делува во партијата како член на општнската организација во Центар.

В.С.

Поврзани новости