Груевски против кривичните на Јанева и книгите на Андов

by Фокус 18:29
18:29

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на денешниот собир на партијата Унија на жени, не пропушти прилика да не го нападне и исмее Специјалното јавно обвинителство.

Катица Јанева, која зема најголема плата во државата, може и денес за да си ја заработи платата и да ми поднесе една кривична пријава затоа што на овој собир има повеќе луѓе отколку на оној на СДСМ. Како не ни текна порано да го формираме СЈО за да ја намалиме невработеноста – истакна Груевски.

- Advertisements -

Тој додаде дека целта на СЈО е иста како и онаа на формирањето на опозициските сојузи и блокови – намалување на рејтингот и нанесување на штета на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве гледам повторно се јавуваат и некои некролошки матачи на вода чија цел е да не вовлечат да се докажуваме кој бил постар вмровец, кој најмногу се радувал на патриотски песни… Порано мислев дека само тоа го правеше Стојан Андов, кој по обичај пишува и објавува книга за секој што ќе умре, за да ни каже колку бил лош умретниот, а колку тој бил мудар и одговорен – рече експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости