416
Договорот од Пржино е многу важен и битно е целосно да се спроведе, порача министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, по денешната средба со македонскиот колега Никола Попоски.
– Подобро знаете од мене колку е важно да се има фер и кредибилни избори, пречистен список и подеднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и историја, сте имале и претходно фер, демократски избори и затоа е важно да се спроведе договорот од Пржино за да се овозможи понатаму да се работи на европската перспектива – нагласи Кундерс.