Шеќеринска: Уште едни криминални избори ќе ја продлабочат кризата

by Фокус

Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, започна политичката криза во Македонија, која дополнително ќе се продлабочи со уште едни криминални избори, рече заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, на средбата со министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс.

„СДСМ ги исполни сите обврски од Договорот од Пржино. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку медиумска кампања да ги дискредитираат независните институции коишто произлегоа од тој Договор. Ние веруваме во правдата, во еднаквоста на сите пред законите“, рече Шеќеринска пред Кундерс, соопштија од партијата.

Поврзани новости