Груевски: Изборите на 24 април се неопходни за излез од кризата

by Фокус

Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, посочил дека престојните избори на 24-ти април се неопходни поради излез од наметната политичка криза и добивањето на стабилна влада.

– Ваквата стабилна влада е клучен елемент за продолжување на реформите и мерките насочени кон подобрување на стандардот на граѓаните како и справување со предизвиците поврзани со мигрантската криза – рекол Груевски.

Поврзани новости