Куманово: Да се затвори гинеколошкото одделение и да се направи проценка за непречено функционирање на болницата

by Fokus

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

„Барање до Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница – Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за COVID 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ – Куманово.

  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.
  • Барање до Влада на Република Северна Македонија, да се донесе акт со којшто ќе се регулира дистрибуцијата на хуманитарна помош до социјално загрозени семејства, поради фактот дека во поголем број случаи, одредени донатори при давање на хуманитарна помош ги прекршуваат препораките на Владата на РСМ и ОШЗС – Куманово, и доаѓа до групно делење на хуманитарната помош и граѓаните се ставаат во несвесен ризик.
  • Барање до економските оператори кои вршат онлајн достава на храна, за време на полицискиот час, да се ограничат на дистрибуција од едно место, по исклучок на маркетите кои имаат повеќе од десет продажни места, да се ограничат на две продажни места од каде ќе се дистрибуира храна.
  • ОШЗС ја задолжува Општината, количините на гориво коишто се за потребите за чистење на речното корито, да се пренаменат на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, за потребите за постапка за дезинфекција.
  • Апел до граѓаните да не се користат детските катчиња коишто се затворени по одлука на ОШЗС, и да не се собираат во групи повеќе од двајца, во спротивно МВР ќе постапува со казнување, согласно Закон и одлуки на Влада на РСМ“, соопштија на официјалната страница на општината.

Поврзани новости