Од Италија се пренесуваат телата на 12 албански граѓани починати од корона вирус

by Fokus

Од италијанското пристаниште Бари,со траект кој испловил синоќа, се пренесуваат телата на 12 албански државјани, кои починале од новиот корна вирус.

Траектот ќе вплови во албанското пристаниште Драч, по што возилата со посмртните останки ќе продолжат до родните места на починатите, каде ќе бидат погребани само со неколку најблиски роднини.

„Поради состојбата со корона вирусот, во Албанија, на погребите присуствуваат само по едно до две лица најблиски роднини, а се случува доколку најблиските се во странство, погребот да помине и без присуство на роднини, како што беше случајот со неколку постари жени.

Пред два дена „ Antenna Sud “ објави неколку слики направени во пристаништето Бари од фотографот Франческо Сацент. Веста беше објавена под наслов „Корона вирус, последното патување дома“, додавајќи дека ова е „тажно враќање во нивната земја“.

„Овде во Италија најдоа работа, го остварија сонот. Од пристаништето Бари драматични слики од погребни автомобили со албански државјани жртви на пандемијата. Тие ќе „патуваат“ со траектот „Марина“ до Драч за да почиваат во татковината.

Во Италија, која е една од најпогодените земји од корона вирусот, живеат над 500.000 илјади албански граѓани. Засега нема точна бројка колку од нив се заразени и починати од опасниот вирус.

Поврзани новости