Кумановец со нож го нападнал и усмртил својот братучед во близина на џамијата во Липково

by Fokus

СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Б.С.(43) од село Липково, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Според информациите од полицијата, пријавениот, на 18.04.2020, во близина на селската џамија во село Липково, по претходна расправија поради нерасчистени семејни односи, со нож го нападнал неговиот  братучед Ј.С. од село Липково, нанесувајќи му повреди со смртни последици.

Поврзани новости