413
Украина негира дека планира да употреби „валкана бомба“ против руските сили, откако рускиот министер за одбрана за време на телефонските разговори со претставници од НАТО држави рече дека Киев има намера да употреби таков вид оружје.
„Руските лаги за Украина дека наводно планира да употреби „валкана бомба“ се исто толку апсурдни колку што се опасни“, објави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба на социјалните мрежи.